Во септември бројот на пензионери изнесува 325 339 или статистиката избројала 298 пензионери помалку во однос на претходниот август месец (325 637).
Просечната пензија на пензионерите изнесува 15.872 според редовната месечна анализа на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ). Највисока просечна пензија од 23.059 денари земаат воените пензионери, додека втори се корисниците на старосна пензија со 17.141 денар.
Просечната пензија на корисниците на инвалидска пензија е 14.303 денари, на семејната 12.709 денари и на земјоделската 8.296 денари.
Најголем дел од пензионерите земаат старосна пензија (219 392), семејна (75 614), инвалидска (30 333).
Просечната пензија изнесува 15.872 денари
Вид на пензија | Просечна пензија |
---|---|
Семејна | 12.709 |
Инвалидска | 14.303 |
Старосна | 17.141 |
Земјоделска | 8.269 |
Воена | 23.059 |
Просек | 15.872 |
(во денари)
Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување според состојбата на корисници на пензии по групи, најголем дел од пензионерите земаат пензија над 18.000 денари и до 11.000 денари, односно највисоката и најниската група. Пензионерите со пензии над 18.000 денари во вкупната структура учествуваат со 28,8 проценти (93 947), додека со пензиите што се сметаат под минимална до 11.000 денари нивното учество е 26,66 отсто (86 742) .
До 14 илјади денари пензија земаат околу половина од пензионерите 162 651, додека 162 688 над оваа сума.
Состојба на корисници на пензија по групи на исплата за септември
Износи во денари | вкупно | структура во % |
---|---|---|
До 11.000 | 86 742 | 26,66 |
Од 11.001 до 14.000 | 75 909 | 23,33 |
Од 14.001 до 18.000 | 68 741 | 21,13 |
Над 18.001 | 93 947 | 28,88 |
Вкупно | 325 339 | 100 |
Максимален износ на пензии
Бројот на корисници со највисоки пензии чиј распон се движи од 40.548 денари до 57.992 денари во септември изнесува 1.332. Најголем дел од нив се пензионери што оствариле старосна пензија 1256. Останатите пенионери со најголема пензија се семејна пензија 53-ца и инвалидска пензија 23-ца.
Од пензионерите со највисока пензија најголемиот дел од нив, односно 882 земаат пензија во износ од 42.240 денари. Највисока пензија во земјава од 57.992 денари земаат 48 пензионери (39 беа во август) од кои 46 оствариле старосна пензија, додека двајца земаат инвалидска пензија.
Најниски пензии
Корисници на најниските пензии на пензионери што оствариле право на пензија до крајот на 1996 година чиј број изнесува 11 209 земаат пензија од 12.801 денари до 12,222 денари. Пензионерите со право на пензија остварено од први јануари 1997 година чиј број е 4 611 земаат пензија од 11.146 до 9.986 денари. И корисниците на пензии остварени од први јануари 2002 година чиј број изнесува 64 219 имаат пензии во висина од 10.487 до 11.703 денари.
Нови пензионери
Бројот на нови пензионери во септември се зголемил за 1 972, од нив 1 282 се мажи, а 690 жени. Истовремено бројот на починати пензионери е 1 831, од нив 1 499 се мажи, додека 332 се жени.
Редакција Пари