ПОВЕЌЕ

    АМА И ПЛАТИТЕ НЕ СЕ КАКО ШТО БЕА: Германија има потреба од 400 000 квалификувани работници годишно

    Време зa читање: 2 минути

    Претседателот на Управниот одбор на Сојузната агенција за вработување, Детлеф Шеле упати сериозен апел до германската влада: во земјата треба да се донесат многу повеќе квалификувани доселеници, околу 400.000 годишно.

    „Работната сила во Германија се намалува“, изјави Детлев Шеле за весникот „Зидојче цајтунг“. Поради демографскиот развој, уште оваа година бројот на потенцијални работници во типично работоспособна возраст во земјата ќе опадне за 150.000, а во следните години ќе биде уште подраматично, истакнува Шеле.

    „Но, овде не станува збор за азил, туку за целно доселување заради пополнување на празнините на пазарот на труд. Потребни ни се 400.000 доселеници годишно, односно многу повеќе отколку во претходните години, почнувајќи од негуватели, преку техничари за климатизација, до логистичари и факултетски образовани луѓе, насекаде ќе има недостиг од квалификувана работна сила“, тврди шефот на Сојузната агенција за вработување.

    Статистиките, пак, зборуваат дека просечната месечна бруто плата во Германија во 2018 година изнесувала околу 2.950 евра. Просечната нето плата која им била исплатена на вработените во Германија, меѓутоа, е значително пониска, поточно 33 отсто пониска – и изнесувала 1.945 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично