ПОВЕЌЕ

    „Алкалоид“ избрана за најдобра компанија на неделата

    Време зa читање: 2 минути

     

    Најбројниот синдикат во земјава, ССМ, ја избра фармацевтската компанија „Алкалоид“ за најдобра компанија оваа недела, како пример кој треба да го следат сите работодавачи.

    Сојузот на синдикатите на Македонија, по примерот на Меѓународната конфедерација на синдикати започна кампања на прогласување на најдобра компанија на неделата.

    „Еднаш неделно, на крајот на неделата, ССМ ќе изготвува соопштение кое ќе биде споделување со јавноста, за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период“, соопштија од ССМ.

    Истовремено како што тоа го прави Меѓународната конфедерација на синдикати, согласно пристигнатите информации до ССМ, врз основа на реакциите и поплаките на работниците, ќе се избира и најлоша компанија, која најмногу ги прекршува правата на работниците.

    „Во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос, за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период. Согласно информациите со кои располага ССМ, најдобра компанија оваа недела е ‚Алкалоид АД Скопје. Ова е примерот што треба да се следи! Да ги следиме позитивните примери“, информираа од Сојузот на синдикатите на Македонија.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично