ПОВЕЌЕ

    „Алкалоид“ ги отвора новите хоризонти во третманот на ГЕРБ кај деца со иновативниот течен Омепразол

    Време зa читање: 3 минути

    Во Загреб, Хрватска, успешно беше одржана првата меѓународна конференција посветена на иновациите во третманот на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај педијатриските пациенти. Конференцијата, организирана под покровителство на компанијата „Алкалоид“, собра повеќе од 200 здравствени професионалци, вклучувајќи педијатри, гастроентерохепатолози, фармацевти и експерти од фармакологијата.

    Настанот беше посветен на новите иновации во третманот на ГЕРБ кај деца и доенчиња, а посебно на новиот патентиран течен Омепразол, развиен од „Алкалоид“. Овој иновативен лек го прави лекувањето на ГЕРБ кај малите деца поефикасно и полесно, што претставува значаен напредок во медицинската терапија.

    Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, го нагласи значењето на оваа иновација, истакнувајќи дека новиот лек ја отвора нова ера во третманот на ГЕРБ кај педијатриските пациенти. Тој нагласи дека оваа иновација е доказ за посветеноста на „Алкалоид“ во обезбедувањето врвни фармацевтски решенија, кои се во согласност со највисоките стандарди и потреби на здравствените системи.

    „Омепразолот во течна форма е првиот таков производ на светскиот пазар, кој обезбедува ефикасност и безбедност за малите пациенти кои се соочуваат со оваа болест. Наша цел е да им обезбедиме на лекарите и пациентите најдобри можни алтернативи за успешен третман на ГЕРБ“, изјави Мукаетов.

    На конференцијата се дискутираше за предизвиците кои ги имаат здравствените работници при лекувањето на ова заболување, како и за придобивките од воведувањето на оваа нова течна формулација на Омепразол. Присутните здравствени професионалци споделија искуства и добри практики за користење на иновацијата и ја нагласија нејзината ефективност, безбедност и подобрена подносливост кај најмалите пациенти.

    Покрај конференцијата, „Алкалоид“ активно продолжува да ја шири достапноста на течниот Омепразол на нови пазари, со цел да се обезбедат подобрени опции за третман во светот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично