ПОВЕЌЕ

    „Алкалоид“: Цефиксим антибиотската суспензија на пазарите во Шведска и Норвешка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Портфолиото на „Алкалоид“ се проширува во Шведска и во Норвешка. Регулаторните агенции во двете скандинавски држави издале одобрение со кое се става во промет антибиотската суспензија која содржи цефиксим како активна супстанца, произведена од најголемата македонска фармацевтска компанија.

    Тоа е првиот регистриран цефалоспорински антибиотик од третата генерација за орална употреба во двете земји, информираат од компанијата.

    „Ние во Алкалоид, поддржани од нашите ценети партнери на овие територии, продолжуваме да работиме со максимална посветеност со цел да ги направиме нашите производи достапни за што повеќе педијатриски пациенти“, порачуваат од „Алкалоид“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично