ПОВЕЌЕ

    Акционерите на Раде Кончар-Апаратна техника ќе ја делат и ланската и акумулираната добивка од 2017 до 2021 година

    Време зa читање: 2 минути

    Дивиденда во вкупен износ од 19.591.850 денари или 318 илјади евра ќе поделат акционерите на АД Раде Кончар – Апаратна техника – Скопје.

    Според одлуките потврдени на одржаното Годишно собрание, овој износ го сочинува сумата предвидена за дивиденда – 137,2 илјади евра (8.455.430 денари) од добивката остварена лани и 180,8 илјади евра (11.136.420 денари) акумулирана добивка во периодот од 2017 до 2021 година.

    Вредноста на акцијата која произлегува од минатогодишната добивка е утврдена на бруто износ од 41 денар, а од акумуираната добивка – 54 денари. Или, дивидендата ќе се исплаќа по бруто 95 денари за акција.

    Пресекот на акционерската книга ќе се направи на 20 јуни.

    Последен ден на тргување со право на дивиденда е 16 јуни, а првиот ден на тргување без право на дивиденда е 19 јуни.

    Компанијата ја заврши минатата деловна година со добивка во нето износ од 8.534.895 денари, односно 138,5 илјади евра. По издвојувањето средства за исплата на дивиденда, остатокот од 79.465 денари е распределен во акумулирана добивка.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично