Акциите на Окта и на Макошпед забележале најголем раст, односно пад на вредноста во текот на мај. Позитивните движења се во опсег од приближно три до 22 насто, а негативните од над три до над 25 отсто.
Највисокиот процентуален исчекор од 22 насто ја кренал цената на акцијата на Окта за 1.100 денари. На крајот од април вредела просечни 5.000, а на крајот од мај 6.100 денари.
Од 16 на 18 денари се зголемила просечната цена на акцијата изадена од Попова Кула Демир Капија. Тоа претставува раст од 12,50 насто.
Две илјади денари е месечната разлика кај просечната цена на Титан Усје. Регистрирана е промена од 4,44 насто – од 405.000 на 47.000 денари.
На 30 април акцијата на Адинг била со просек од 2.698 денари, а на 28 мај од 2.781 денар. Вредноста е зголемена за 3,08 насто.
Раст од 2,99 насто донел мај за акцијата на Жито Лукс, што предизвикало поместување од априлските 134 на 138 денари.
Негативната листа започнува со падот од 25,32 отсто што ја следи акцијата на Макошпед. Поради тоа нејзината вредност се намалила од 237 на просечни 177 денари.
Следна е акцијата на кавадаречката винарија Тиквеш со минус 14,45 отсто. Просечната цена во април била 8.650, а во мај 7.400 денари.
Во минусна фаза веќе четврти месец по ред е акцијата на Стопанска банка, која загубила дополнителни 8,71 отсто од својата вредност. Во април чинела просечни 2.274,26 денари, а во мај 2.076,13 денари.
Во април го имаше најголемиот раст, а во мај акцијата на Макстил ја намали вредноста за 6,02 отсто, од 133 на 125 денари.
Процентуалната загуба е најниска кај УНИ банка. Просечната цена за акција се намалила за 3,78 отсто или за нешто повеќе од 260 денари, од 6.900 на 6.638,89 денари.
M.A.
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
Аналитика








