ПОВЕЌЕ

    Акциите скокнаа по претседателските избори во САД

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на акциите на светските берзи нагло пораснаа минатата недела, неутрализирајќи ги сите загуби од претходната недела, бидејќи инвеститорите очекуваат нови економски стимулации по претседателските избори во САД, пишува порталот SEEbiz.

    На Вол Стрит, DOW Jones минатата недела порасна за 6,9 проценти, на 28.323 поени, додека С& П500 скокна за 7,3 проценти на 3.509 поени, а индексот Насдак 9 проценти, на 11.895 поени.

    Инвеститорите минатата недела се фокусираа на претседателските избори во САД, а цените на акциите нагло пораснаа, иако до крајот на работната недела не се знаеше дека ќе победи демократскиот предизвикувач Џо Бајден.

    И покрај тензиите околу пребројувањето на гласовите, како и пораките на претседателот Доналд Трамп дека демократите се обидуваат да му ја украдат победата и заканите за судски процеси, берзанските индекси забележаа најголем неделен скок од април. Ова се припишува на надежта на инвеститорите дека републиканците ќе го задржат мнозинството на изборите за Сенатот, иако се очекуваше дека демократите ќе го освојат. Затоа Конгресот може да остане поделен меѓу двете партии, бидејќи демократите го имаат мнозинството во Претставничкиот дом.

    Ова значи дека ќе биде тешко да се направат големи промени во политиката во иднина.

    Благодарение на тоа, се смирија стравувањата од значителни промени во политиката, на пример, дека новата влада во Белата куќа може да ги зголеми даночните стапки или да воведе построга регулатива во однос на големите технолошки компании.

    Од друга страна, поделениот Конгрес значи и дека новиот пакет на фискална поддршка на економијата може да биде значително помал отколку ако демократите добиеа контрола во парламентот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично