ПОВЕЌЕ

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за јуни се акциите на Комерцијална банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.06.-30.06.2020 година вкупниот промет изнесува 445.771.892 денари и е намален за 6,36% во однос на претходниот месец мај.

    Класичното тргување изнесува 376.561.482 денари и е намалено во однос на месец мај за 12,08%.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 293.017.457 денари, обврзници во вредност од 61.626.272 денари.

    Блок трансакциите во јуни изнесувале 69.210.410 денари и бележат висок раст од 44,98% во однос на месец мај.

    Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.546 и е зголемен за 7,66 отсто во однос на месец мај кога изнесувал 1.436.

    Според бројот на трансакции, најтргувани акции на официјалниот пазар за јуни се акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 554 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со 246 трансакции, а на трето место  по бројот на трансакции беа акциите на Гранит АД Скопје со 148 трансакции.

    Според количината на истргувани акции, најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 22.425 истргувани акции, а потоа следат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 18.472, а на трето место се акциите на Стопанска банка АД Скопје со 15.726 истргувани акции.

    Месечниот статистички билтен за јуни 2020 година можете да го погледнете тука.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично