ПОВЕЌЕ

    „Аџибадем Систина“ со промотивни попусти во месецот на жената

    Време зa читање: 3 минути

    По повод 8 Март и месецот посветен на женското здравје, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди голем број промотивни активности и промоции. Во големата промотивна кампања, вклучени се попусти на услугите на Одделот за естетска дерматологија, пластична и реконструктивна хирургија, гинекологија и акушерство, радиологија, „AS Slim Body центар“ и Одделот за кардиологија и интерна медицина.

    Во рамки на кампањата, пациентите добиваат 30% намалување на цените на сите ласерски третмани со eC02 фракциски ласер, ласерска епилација и микронидлинг третман со SkinPen. Дополнително, преку социјалните мрежи, болницата ќе организира и бесплатни медицински третмани и масажа на лице.

    Во месец март започнува и промотивното 20% намалување на цените за голем број естетски процедури за обликување на лице и тело, а дополнителна бенефиција е што пациентите со секоја закажана интервенција добиваат и бесплатна апликација на ботокс.

    Со цел подигнување на свесноста за превентивни прегледи и превенција од кардиоваскуларни болести, „Аџибадем Систина“ воведе и кардиолошки пакет со превентивни прегледи и анализи, со кој се утврдува ризикот за постоење и развој на кардиоваскуларна болест. Резултатите се интерпретираат од специјалист по интерна медицина, кој во согласност со здравствената состојба, одредува план за понатамошно следење и евентуален потребен третман.

    Во месецот на жената продолжува и 50% намалување на мамографија, која се изведува во деновите од викендот (недела) на Одделот за дијагностичка радиологија, со претходно закажување во контакт-центарот. Дел од промотивните активности вклучуваат и пакет-цени со попуст на сите гинеколошки операции, а пациентките што ќе закажат одредена гинеколошка операција добиваат бесплатен гинеколошки преглед.

    Женското здравје е особено важно и во периодот на менопауза, кога редовните прегледи може да се превенираат и да откријат состојби карактеристични за овој период. За таа цел, „AS Slim Body центарот“ создаде пакет прегледи и анализи по специјална цена.

    Покрај промотивните акции, во рамки на месецот на жената, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со низа едукативни предавања ќе се приклучи во подигнување на свесноста за грижа и унапредување на женското здравје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично