Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека на 1.11.2019 година преку системска блок трансакција правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 15.191 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 245.347 обични акции, односно ќе има учество од 10,76% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.