ПОВЕЌЕ

    „Адидас“ ги направи прочуените патики на Балканците кои ќе бидат ставени на аукција

    Време зa читање: 2 минути

    Спортската марка „Адидас“ лансираше патики посветени на кошаркарскиот клуб Југопластика.

    Југопластика доминираше во европската кошарка на крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на минатиот век, кога беа трипати по ред европски шампиони и покрај фактот дека сега се далеку од старата слава, сепак резултатите се паметат.

    Во нејзина чест, германскиот гигант Адидас произведе ретро и ограничена серија патики и опрема.

    Станува збор за верзија на патики кои, како што се наведува, ја слават „непогрешливата култура на Балканот“. Кошаркарскиот клуб од Сплит го доби името на поранешната фабрика „Југопластика“ која произведе 4,5 милиони спортски торби за „Адидас“.

    Цената на патиките сè уште не е позната, а количината на произведени патики е само 150. Исто така, тие нема да бидат на продажба, туку ќе бидат ставени на аукција на Интернет.

    Македонскиот кошаркар Петар Наумоски, со екипата на Југопластика два од три пати ја покори Европа. Европски прваци 1989/90 и 1990/91 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично