„Ерата на економијата 4.0 е овде, а Америка ја предводи трансформацијата. Економситот Абил Бауш во подкастот „Каде се парите?” со Горан Теменугов“ ја анализира улогата на дигитализацијата и вештачката интелигенција во глобалната економија.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“!“
Бајден обвини дека на повидок е владење на технолошката олигархија во Америка, а со тоа и во светот. Дали има таква опасност од владење на олигархија?
Горан, секогаш има опасност на владење на олигарси, ако им се дозволи од државата. Државата е регулатор на сите овие работи. Америка беше таа која што донесе Закон, кој што ја подели на 99 делови компанијата на Рокфеллер. Тоа го учиме во АБЦ-тата на економијата. Секогаш ќе има притисок од луѓето да можат да влезат во тој систем на олигарси. Ако се сеќавате, 2008 година ние претрфуваме таа хипотекарна криза, која дојде и од овие 4.0 економија која не беше доречена, доискажена до крај.“