ПОВЕЌЕ

    Владата ги игнорира препораките на Антикорупциска за Бехтел-Енка

    Време зa читање: 2 минути

    Владата нема да ја послуша Антикорупциска и нема да го стопира процесот на преговори со Бехтел Енка. Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи смета дека не треба да се гледа на договорот со негативни претпоставки. Владата ќе продолжи со договарање на деталите бидејќи тоа го дозволува законот, тврди Битиќи.

    „Државната комисија за спречување корупција дава предлози, ние секогаш сме ги слушале, но не би сакале да прејудицираме дека исходот на оваа активност е таа која ДКСК сака да ја укаже“, рече Битиќи.

    Пред само неколку дена Антикорупциска достави Иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот за стратешко партнерство со компанијата Бехтел – Енка. Овој Закон во Собранието беше избран за Бехтел – Енка да гради автопатишта во земјава без да се објави јавен оглас. Антикорупционерите сметаат дека законот овозможува ограничување на конкуренцијата и избегнување на фер натпревар за тоа кој да го добие бизнисот.

    По доставувањето на Иницијативата соопштија дека ќе бараат од Владата да се стопираат сите следни чекори на договарање со Бехтел Енка, се до носење на конечна одлука од страна на уставните судии. Дека ваквиот избор на компанија е спорен веќе посочија и експертите од областа на јавните набавки кои потенцираат дека изборот на оваа компанија има сличности на изборот на кинеската Синохидро која го гради Автопатот Кичево – Охрид, а за кој се води судска постапка за функционери од претходната власт.

    Автор: Иле Петревски

    Алсат.МК

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично