На лондонската берза, цената на барелот минатата недела порасна 1,1 процент, на 72,69 долари, ново највисоко ниво од мај 2019 година.
Растот на цените на нови највисоки нивоа за повеќе од две години е благодарение на податоците кои покажуваат дека најголемите економии во светот стабилно се опоравуваат од корона-кризата.
„Побарувачката се зајакнува побрзо од понудата, така што понудата ќе треба да се зголеми за да се покрие целата побарувачка“, вели Фил Флин, аналитичар во Price Futures Group.
Аналитичарите на Goldman Sachs проценуваат дека цената на барел нафта на лондонската берза ќе достигне 80 американски долари ова лето, бидејќи забрзувањето на процесот на вакцинација ја стимулира економската активност.