Европската комисија исплатила 14,1 милијарди евра за 12 земји-членки како подршка за покривање на трошоците од зголемувањето на јавните расходи, со цел да се зачуваат работните места за време на пандемијата со корона вирусот.
Ова е седма транша на помош за која средствата беа обезбедени од продажбата на заеднички обврзници на Европската унија на меѓународниот финансиски пазар.
Како дел од денешната исплата, Белгија доби две милијарди евра, Бугарија 511 милиони евра, Кипар 124 милиони, Грција 2,54 милијарди, Шпанија 3,37 милијарди, Италија 751 милиони, Литванија 355 милиони, Летонија 113 милиони, Малта 177 милиони, Полска 1,56 милијарди, Португалија 2,41 милијарди и Естонија 230 милиони.
Сите земји-членки на ЕУ кои побараа да го користат овој механизам за помош, добија дел или целосен износ од бараната сума.
Вкупно 19 земји-членки на ЕУ треба да добијат 94,3 милијарди евра финансиска поддршка, а членките и понатака можат да аплицираат за финансиска поддршка во рамките на програмата која вкупно вреди до 100 милијарди евра.