Дали знаевте дека може да ангажирате некого да го шета вашето куче, или едноставно да ве теши, кога некоја ваша блиска особа е почината? Бизнис Инсајдер состави список од 10 најчудни занимања.
- Лица кои извлекуваат отров од опасни змии, како што се кобрите. Отровот се користи за производство на противотрови и за други лабораториски цели, па затоа неговиот грам чини илјада долари.
- Професионални девојки кои ги вработувате доколку немате кој да ви ја игра таа улога на вашата свадба. Во моментов има компании кои ангажираат вакви професионални девојки, кои за да ги изнајмите би платиле од 300 до 2.000 долари.
- Луѓе кои поместуваат санта мраз. Тие ја бараат локацијата на ледениот брег и обезбедуваат безбедна рута за минување на бродот. Доколку е потребно, ледениот брег е целосно отстранет.
- Професионалци на жалост се лица кои можат да бидат ангажирани да го оплакуваат починатиот на неговиот погреб. Компанијата во Велика Британија која ги издава се вика „Rent A Mourner“ и наплаќа 70 долари за нивно изнајмување за два часа. Нешто слично постои и во Македонија, но едноставно не се наплаќа.
- Инструктори за сурфање за кучиња може да се најдат во бројни одморалишта покрај океаните. Тие се оние кои можат да ги научат кучињата да сурфаат на брановите.
- “Професионални гушкачи.” Луѓе што можете да ги најмите за да се гушкате со нив. Тие исто така наплатуваат 80 долари за еден час.
- Професионални телевизиски гледачи. Иако се чини дека ова е многу лесна работа, тоа се луѓе кои можат да најдат „клипови“ на одредена тема во различни ТВ-емисии што некому му се потребни.
- Лица кои украсуваат урни. Роднините понекогаш по кремирањето на починатиот бараат од уметникот да ја украси својата урна во која ќе се чува пепелта на починатиот.
- „Проценувачи на мирис“ се луѓе кои претежно работат во компании кои произведуваат гуми за џвакање, паста за заби или миење на устата. Тие ја проценуваат ефективноста на овие производи за да му укажат на производителот дали треба да се поправи нешто.
- Луѓе кои пробуваат храна за кучиња да проценат дали е квалитетна. Тие се ангажирани од производители на храна за кучиња, а кога ќе ја испробаат храната обично ја плукаат.