ПОВЕЌЕ

    Бектеши: Нема да преговараме со Грција за влез за нашите туристи

    Време зa читање: < 1 минутa

    Минситерот за економија, Крешник Бектеши вели дека Владата нема да преговара билатерално со грчката влада за олеснет влез на нашите туристи, бидејќи земјата не сака да ги загуби домашните туристи за летната сезона.

    – Не преговараме директно со грчката влада, имајќи во предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Северна Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече министерот.

    Министерот за туризам на Република Грција, Харис Теохарис денеска од Белград потврди дека граѓаните на Србија ќе можат да летуваат во Грција и со руските и со кинеските вакцини, како и со негативен ПЦР тест од 14 мај.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично