ПОВЕЌЕ

    Амазон и Алибаба се владетели на глобалната трговија преку Интернет

    Време зa читање: 2 минути

    По избувнувањето на вирусот, е-трговијата цвета во последната година, додека навиките на потрошувачите, се свртија кон Интернет преку ноќ.

    Амазон и кинеската Алибаба пораснаа во последните неколку години во двете најголеми платформи за онлајн купување во светот. До неодамна тие не се натпреваруваа сериозно едни со други и се држеа до сопствените пазари, но времињата полека почнуваат да се менуваат.

    Двете големи сили од различни страни на земјината топка суверено владеат со својата територија и регион, внимателно да не го провоцираат премногу противникот, бидејќи се свесни дека директната конкуренција ќе доведе до долготрајни и сериозни последици.

    Амазон стои од едната, а Алибаба од другата страна

    Новото истражување на Евростат се заснова на резултатите од Анкетата за употреба на ИКТ (информатички и комуникациски технологии) за 2020 година во домаќинства и од страна на поединци.

    Е-купувањето постојано расте, а најголем пораст има кај младите корисници на Интернет. Така, групата испитаници на возраст од 16 до 24 години имаше најголем удел на е-купувачи кои купуваат облека (вклучително и спортска облека), обувки или додатоци (72%), проследено со испораки од ресторани, ланци за брза храна, угостителски услуги (37%), компјутери, таблети, мобилни телефони или додатоци (30%), козметика, производи за убавина (24%) и спортска опрема (23%). Луѓе на возраст од 25 до 54 години купиле облека (вклучително и спортска облека), обувки или додатоци (67%), испораки од ресторани, ланци за брза храна, угостителски услуги (33%), мебел, опрема за домаќинство или градинарски производи), козметика, производи за убавина (29 %) и книги, списанија или весници (28%).

    Потрошувачите ја ценат погодноста за купување преку Интернет во секое време и на секое место, пристап до поширок спектар на производи, ги споредуваат цените и споделуваат мислења за стоките со другите потрошувачи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично