ПОВЕЌЕ

    ЕУ купува дополнителни 100 милиони дози вакцини BioNTech и Pfizer

    Време зa читање: 2 минути

    Европската унија ќе купи дополнителни 100 милиони дози вакцина од BioNTech и Pfizer, со што вкупниот број на дози ќе достигне 300 милиони, објави во вторникот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    “Одлучивме да земеме дополнителни 100 милиони дози од BioNTech и Pfizer, вакцина која веќе се користи во Европската унија. Ќе имаме вкупно 300 милиони дози од оваа вакцина, која е оценета како безбедна и ефикасна. Ќе следат повеќе вакцини”, рече фон дер Лајен Твитер.

    Европската комисија потпиша договор со BioNTech во ноември за набавка на 200 милиони дози на вакцина, со можност за набавка на дополнителни 100 милиони дози. Цената за дополнителни 100 милиони дози останува иста – 15,5 евра по доза.

    Одлуката за активирање на опцијата за набавка на дополнителни 100 милиони дози дојде откако некои потенцијални вакцини, за кои Комисијата исто така потпиша договори за набавки, доживеа непредвидени одложувања во клиничките испитувања.

    Вакцините BioNTech и Pfizer за првпат беа одобрени во САД и Велика Британија, а масовната вакцинација против ковид-19 започна во Европската унија во недела, на 27 декември.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично