ПОВЕЌЕ

    ЕУ и Велика Британија конечно постигнаа договор за трговски односи по Брегзит

    Време зa читање: 2 минути

    Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за трговски односи по Брегзит во четвртокот, седум дена пред Велика Британија да напушти еден од најмоќните трговски блокови засекогаш, во најголемиот пресврт во надворешната политика од крајот на империјата.

    „Имаме договор“, рече извор на Даунинг Стрит. „Ја презедовме контролата над нашите пари, граници, закони, трговија и риболов.

    „Договорот е фантастична вест за семејствата и деловните луѓе во сите делови на Велика Британија. Го потпишавме првиот трговски договор заснован на нула тарифи и нула квоти некогаш постигнати со ЕУ.“

    „Постигнавме голема работа за целото Обединетото Кралство во рекордно време и во исклучително предизвикувачки услови“, што го штити интегритетот на нашиот внатрешен пазар и местото на Северна Ирска во него, рече изворот.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и главниот преговарач Мишел Барние, во четвртокот попладне објавија дека е постигнат „фер и избалансиран“ договор меѓу ЕУ и Велика Британија.

    “Имаме фер и избалансиран договор со Велика Британија. Договорот ќе ги заштити интересите на ЕУ, ќе обезбеди фер конкуренција и предвидливост за нашите рибари”, рече Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел.

    Барние истакна дека постигнатиот договор не и ги дава на Велика Британија истите права што ги имаше како членка.

    „На 1 јануари ќе има навистина големи промени. Тоа е последица на Брегзит“, рече Барние.

    Набргу по објавата дека договорот е постигнат, зборуваше и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

    “Сеопфатен договор со нашиот сосед, пријател и сојузник, е најдобриот исход за нашите граѓани и деловни активности. Со текот на годините, ЕУ го покажа своето единство и одлучност во преговорите со Велика Британија и ние ќе продолжиме да го одржуваме истото единство”, рече Мишел.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично