Новата компанија за воздушен транспорт на карго пратките ќе биде основана со цел да се зголеми фокусот на работењето со карго, да се зајакне позицијата на Туркиш карго на највисоко ниво меѓу најважните играчи во секторот.
Во соопштението кое беше објавено од страна на авио-компанијата во рамките на Платформата за информирање на јавноста беше истакнато дека Управниот одбор донесе одлука за основање на компанија за воздушен карго со 100 процентно учество на самата компанија.
Во соопштението беше наведено дека новата компанија за воздушен транспорт на карго пратките ќе биде основана со цел да се зголеми фокусот на работењето со карго, да се зајакне позицијата на Туркиш карго на највисоко ниво меѓу најважните играчи во секторот со искористување на уникатната конкурентска предност и да се создаде посебна платформа за потенцијални стратешки меѓународни партнерства во иднина.