ПОВЕЌЕ

    Италијаните „полудеа“ по патиките кои во Лидл се 13 евра, а на еBay дури 400 долари

    Време зa читање: 2 минути

    Дури и во текот на летото, шарените патики од ланецот на малопродажба „Lidl“ предизвикаа бум на светскиот пазар. Но, по извесно време реагираше Здружението на потрошувачи, барајќи од обвинителството и надлежните органи да ги испитаат дејствијата кои, како што наведуваат, „очигледно се на штета на клиентите“.

    Патиките „Lidl“, од ограничена колекција, неодамна повторно се разгореа во Италија, поточно, сите залихи беа распродадени за само неколку часа. Овој пар патики, кој се продава во германски ланец за малопродажба по цена од 12,99 евра, може да се најде кај препродавачите на eBay за многу цената која се искачува до 400 долари.

    Боите се исти, но има неколку модели на обувки, со цени за патики кои варираат од 80 и 95, над 250 долари и повеќе. Се продаваат и  Lidl Папучи, за околу 33 долари.

    Бидејќи овие патики (во црвено-жолто-сина боја) станаа тренд на социјалните мрежи ширум светот, не изненадува што оваа недела имаше редиците пред Lidl во Италија.

    Аналитичарите лудоста за патиките „Lidl Fan Collection“ ја обајаснуваат во ограничената понуда, што предизвика голема побарувачка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично