Прототипот на летачки возила на „Цезари“, дизајниран и произведен од страна на турски инженери, со тежина од 230 килограми, за време на тестот летал на височина од 10 метри
Тоа било првото самостојно летало кое било конструирано во Турција, наречен „Цезари“, кое беше успешно тестирано во Истанбул, рече производителот, компанијата Бајкар.
Во следната фаза ќе направиме понапредни прототипи и ќе извршиме летови со учество на возачи, рече еден од управителите на компанијата, Селук Бајрактар.
Тој изјави дека ќе бидат потребни 10 до 15 години за „Цезари“ да биде во градскиот сообраќај, и дека за три до четири години ќе може да се користи рекреативно во руралните области, пренесува Анадолија.
Компанијата Бајкар, основана во 1984 година, произведува воени (борбени) и цивилни беспилотни летала, системи за контрола, симулатори и авијациски системи, пренесува Танјуг.
Прочитај и: SKYDRIVE планира да лансира летечки автомобили за три години