
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: јули 2020 година
Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити
Во јули:
🔸 Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,75%;
🔸 Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,05%.
📊 Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно тука.
Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): во вториот квартал на 2020 година
📊 Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), на крајот од вториот квартал од оваа година достигнаа 130.575 милиони денари, што претставува раст од 9.204 милиони денари на квартално ниво. Пензиските фондови имаат најголемо учество од 62,5% во средствата на ОФИ, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 20,9%.
Од аспект на финансиски инструменти, во структурата на средствата на ОФИ најзначајни се -вложувањата во должнички хартии од вредност, со учество од 47,3%, како и вложувањата во сопственички хартии од вредност и пласманите во валути и депозити, со учество од 21,3% и 16,7%, соодветно. На страна на обврските, најголем дел им припаѓа на техничките резерви на осигурување и капиталните сметки со збирно учество од 90,9%
📝 Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно тука.
НАПОМЕНА: Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.
Позначајни движења во платниот биланс во вториот квартал од 2020 година
🔸 Во вториот квартал од 2020 година во тековните трансакции со нерезидентите е остварен дефицит од 85,9 милиони евра, главно како резултат на дефицитот во стоковната размена. Во споредба со претходниот квартал, дефицитот во тековната сметка е намален за 62,9 милиони евра.
🔸 Кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварени нето-приливи од портфолио инвестиции, заеми и трговски кредити, а нето-одливи по валути и депозити и директни инвестиции. Во вториот квартал девизните резерви се зголемија за 604 милиони евра.
📝 Најновото соопштение за позначајните движења во платниот биланс е достапно тука.
Аналитика








