ПОВЕЌЕ

    „Banque de France” – централната банка на Франција се поблиску до лансирање на дигиталната валута

    Време зa читање: 2 минути

    „Banque de France” – централната банка на Франција соработува со осум компании за тестирање на апликации за меѓубанкарски порамнувања на дигиталната валута на централната банка.

    Во април, централната банка на Франција објави Јавен повик за прибирање на апликации.

    Осум апликанти влегоа во потесен круг за тестирање на дигиталната валута, а тоа се: – „Accenture”, „Euroclear”, „HSBC”, „Iznes”, „LiquidShare”, „ProsperUS”, „Seba Bank” i „Societe Generale – Forge”.

    Тестирањата предложени од избраните апликанти ќе овозможат:

    (I) да се истражуваат нови начини на размена на финансиски инструменти (со исклучок на крипто-средства) за пари на централната банка,

    (II) да се тестираат порамнувањата во дигиталната валута на централната банка за да ги подобрат условите за прекугранични плаќања со трансакции и

    (III) ревизии на аранжманите за ставање на пари достапни на централната банка.

    Од „Banque de France” – централната банка на Франција велат: „Поуките кои ќе се извлечат од овие експерименти и тестирања ќе бидат директен придонес кон глобалното размислување на Евросистемот за вредноста на „CBDC”“.

    Во мај, централната банка на Франција го спроведе својот прв експеримент со „Societe Generale” за да ја тестира употребата на блокчејн платформата за порамнување на трансакциите на дигиталната валута на централната банка.

    „Societe Generale” тогаш објави дека напорите ја демонстрираат изводливоста на дигиталното порамнување и испорака во „CBDC” за меѓубанкарските порамнувања.

    На крајот, технологијата може да ја подобри автоматизацијата, и да ги скрати процесите на плаќање, да ја поедностави пазарната инфраструктура и да ја зголеми безбедноста.

    Извор: Indikator.ba

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично