ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД – Скопје успешно го заврши проектот „Вози од срце“ со голема донација на детска клиника!

    Време зa читање: 4 минути

    Годината кога Стопанска банка АД Скопје одбележува 75 години постоење, збогатена беше со една уникатна интерактивна кампања која повикуваше од граѓаните да возат велосипед и извозените километри да ги „донираат“ за една цел – 1 милион извозени километри заедно.

    Благодарение на позитивната порака со хуманитарен карактер, подобрената навика кај населението автомобилот да го замени со велосипедот како превозно средство и секако на убавото време кампањата на 21.11.2019 го надмина милионитиот километар и со тоа ја оствари примарната цел.

    Секако, повикот беше и од хуманитарна цел, затоа што покрај поттикнувањето на здрави навики на учесниците, Банката за сите овие од срце извозени километри за Универзитетската клиника за детски болести, одделот за кардиологија и ревматологија донираше врвен ултразвучен апарат Philips “Affinity” 70 со сонди соодветни за успешен преглед на деца од сите возрасти.

    За болница која се грижи за нашите најмали сограѓани, од голема важност е да можат да помогнат на поголем број пациенти, за пократко време, но без компромис во квалитетот на прегледите и дијагностиката. Овој апарат нуди беспрекорен квалитет на 2D слика посебно кај технички тешки случаи со над 7.500 параметри со кои може да се персонализира прегледот и голем екран со висока резолуција. Апаратот нуди брза, точна и сигурна дијагностика а притоа е и енергетски ефикасен со што нуди простор за заштеда на време и на ресурси за болницата. Дополнително, оваа дијагностичка опрема ќе може да се користи и за истражувачки цели на медицинскиот тим со кои ќе се остварува и едукативната функција на Клиниката.

    Претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје и Генерален извршен директор г. Диомидис Николетопулос по повод донацијата пред медиумите изјави: „Стопанска банка АД Скопје денес реализира донација која беше широко поддржана од заедницата преку проектот Вози од срце. Задоволни сме што гледаме дека медицинскиот тим на Болницата чувствува професионална мотивација што ќе може да користи врвен дијагностички апарат во своето работење и чувствува дека ќе може повеќе и подобро да помогне на своите пациенти. Тоа е впрочем и најголемо задоволство за сите учесници во проектот. Посакуваме успех во работата и многу здрави детски срца. Стопанска банка АД Скопје со полни 75 години продолжува да биде компанија која расте и се развива со заедницата од која потекнува. Остануваме на ваша страна.“

    Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, д-р Наташа Најдановска Алулоска, по повод донацијата од Стопанска банка АД Скопје, изјави дека за Клиника, која се грижи за најмалите пациенти е од голема важност да се има современа опрема со која за кратко време и без компромис во квалитетот ќе врши преглед и дијагностика кај најмалите пациенти.

    „Унапредувањето на дијагностиката кај педијатриската кардиологија, особено кога станува збор за вродените срцеви аномалии и раното упатување во кардиолошките центри, е главна цел во навремената помош на децата. Голема благодарност до одговорниот тим на Стопанска банка АД Скопје, но и на сите кои ја поддржаа хуманитарна акција „Вози од срце“. Здравјето на децата се најважно“, изјави д-р Најдановска Алулоска.

    Таа додаде дека дополнително, оваа дијагностичка опрема ќе може да се користи и за едукативни цели на медицинскиот тим.

    Во име на стручниот тим од одделот за кардиологија и ревматологија, проф. д-р Розана Кацарска, раководител на ова ова одделение, додаде дека станува збор за еден од најновите педијатриски кардиолошки ехо апарати со највисоки стручни стандарди.

    „Педијатриската дијагностика особено кај децата кои имаат вродени срцеви аномалии, значи прв чекор до здраво дете и навремена дијагностика и третман. Благодарам на Стопанска банка, за оваа донација, но дозволете да напоменам дека оваа наша соработка која има за цел подобар третман на нашите најмили, продолжува“, додаде проф. д-р Кацарска.

    Покрај врвниот медицински апарат, Банката за кабинетот во кој се одвиваат прегледите донираше нов мебел и IT опрема за подобри услови и за пациентите и за медицинскиот тим.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично