ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје прослави 75 години од основањето со Гала концерт

    Време зa читање: 3 минути

    Стопанска банка АД – Скопје прослави 75 години постоење и 75 години вткаеност во растот, развојот, инфраструктурниот и индустрискиот напредок на националната економија.

    Овој значаен јубилеј, беше повод Банката да организира за своите клиенти и соработници, Гала концерт подготвен од врвните македонски музичари Влатко Стефановски и Џијан Емин кои подготвија уникатно искуство за посетителите. Со нови оркестрации и преработки на добро познатите хитови од Влатко Стефановски, Џијан Емин го диригираше оркестарот и хорот на Националната Филхармонија на задоволство на присутните.


    Извор: Стопанска банка АД Скопје, г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор

    На настанот, свое обраќање имаа г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје како и г. Пол Милонас, Генерален извршен директор на NBG Групацијата кои се осврнаа на историјата на Банката, нејзината значајна улога во банкарскиот сектор но и во економијата пошироко, а секако дадоа свои прогнози и планови за перпективите на државата но и за иднината на Банката во рамки на Групацијата.


    Извор: Стопанска банка АД Скопје

    Според г. Николетопулос, Банката е и продолжува да биде здрава банка, со цврста основа и одлични перформанси, со развиена корпоративна култура и одлично корпоративно управување, прудентно управување со ризиците, динамична и отворена Банка за соработка со клиентите. За ова да биде остварливо посебно сме благодарни на клиентите за нивната доверба, на вработените сегашни и минати за вложениот труд и посветеност и на NBG групацијата која несебично вложува во создавање на современа Банка секогаш подготвена за барањата и потребите на клиентите.


    Извор: Стопанска банка АД Скопје, Пол Милонас, Генерален извршен директор на NBG Групацијата

    Според г. Милонас, Стопанска банка ја дели визијата на NBG групацијата да биде прв избор за банка за клиентите испорачувајќи соодветен совет за остварување на своите планови и амбициии. Што се однесува до односот на NBG групацијата кон Банката, можам да кажам дека ќе продолжиме да ги фокусираме своите активности во Стопанска банка со цел Банката да биде регионален хаб за активностите на Групацијата и во регионот.


    Извор: Стопанска банка АД Скопје

    Оваа централна прослава е само дел од активностите на Банката за одбележување на значајниот јубилеј. Следуваат повеќе активности со кои Банката ја потенцира и својата хумана страна преку донациите и кампањите со кои се адресираат предизвиците на современото општество.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично