ПОВЕЌЕ

    Живко Мукаетов се стекна со уште 500 обични акции во Алкалоид

    Време зa читање: < 1 минутa

    Алкалоид АД Скопје со ценовно чувствителна инфомација 

    Алкалоид АД Скопје испрати известување до Македонската берза за хартии од вредност за промена на сопственост на член на Управен одбор и лица со посебни одговорности и овластувања.

    Во известувањето стои дека Живко Мукаетов, Претседател на Управен Одбор и Генерален директор на Алкалоид АД Скопје, се стекна со 500 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје.

    На денот на тргување, 27 август на Берзата една обична акција на Алкалоид АД Скопје чинела 9.800,46 денари со што Мукаетов за купување на истите одвоил околу 4.900.230 денари или околу 79.680 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично