
Автомобил што може да помине до 1.200 километри со еден резервоар и полна батерија или возило со потрошувачка од само два литра на 100 километри? Новите технологии носат сè поинтересни можности за возачите, но колку Македонија е подготвена за нив?
Во интервју за „Пари“, Илија Тоневски од Делфино Мобилити Груп посочува дека развојот на инфраструктурата е неопходен за поголема продажба на електричните возила. Како примери за новите технологии ги наведува Lynk & Co 08 и Geely Starray EM-i, нагласувајќи дека конечниот избор на автомобил ќе зависи од потребите и преференциите на возачите.
„Апсолутно е потребно зголемување на инфраструктурата со цел да се зголеми продажбата на електричните возила. Но, доколку навлезете конкретно во нашите брендови, ние го имаме Lynk & Co 08, што може да помине до 1.200 километри со еден резервоар и полна батерија. Или, пак, нашиот Geely Starray EM-i, што има потрошувачка од два литра на 100 километри со полна батерија и полн резервоар. Така што новите технологии што доаѓаат се многу атрактивни и она во која насока ќе се одлучи крајниот корисник зависи од неговите преференции.“
Аналитика








