Денес од 10 часот, па во текот на викендот, клиентите на НЛБ Банка ќе имаат ограничен пристап до дигиталните канали – интернет и мобилно банкарство. Целосно ќе бидат недостапни уплатите на банкоматите.
Граѓаните ќе можат непречено да повлекуваат готовина од банкоматите. Исто така, без проблем ќе можат да ги користат платежните картички за плаќања на ПОС-терминалите во трговската мрежа и онлајн.
Времениот прекин на одредени услуги е заради примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои почнуваат од понеделник. НЛБ Банка, како и сите други банки, во текот на викендот ќе спроведува технички прилагодувања. Во тој период нема да работи ниту една експозитура.
„Редовното функционирање се очекува во понеделник наутро. Предвидената временска рамка може да биде прилагодена во зависност од текот на завршните технички проверки, со цел да се обезбеди стабилно и непречено функционирање на услугите“, информираат од НЛБ Банка.
Аналитика








