ПОВЕЌЕ

    ЃОРЃИЕВСКИ ПРЕДЛАГА ПАРТНЕРСТВО ЗА ЈАВНИТЕ ЗАГУБАРИ

    Време зa читање: 2 минути

    Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори, во „Каде се парите? со Горан Теменугов“

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    Државата да задржи 51 процент, а приватниот партнер да добие 49 проценти. Таков модел за јавните претпријатија што работат со загуба предлага Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Според него, во партнерството би можеле да влезат домашни компании, самостојно или здружени во конзорциум. За секој проект, вели тој, студија за изводливост би требало да покаже колку инвестицијата е исплатлива, колку долго би траело партнерството и колкава би била цената на услугата. Токму таа цена е важна за граѓаните, кои ќе треба да ја платат услугата.

    „Замислете ситуација во којашто домашни фирми, тоа треба исто со закон да биде, конзорциуми од домашни фирми да може да партиципираат во ситуација 51% сопственост на државата, 49% на приватната фирма. Се прави физибилити студија… Таа физибилити студија ќе одреди колку да биде цената на тој продукт да биде или услуга, каква техничка опрема треба да се обезбеди. Тоа ќе биде на товар на приватниот бизнис или бизнисмен, или конзорциум, или компанија…“

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично