
Ако платата се пресметува по час, што ќе земе работникот кога е на годишен одмор? За тоа е прашан Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Тој се повикува на германскиот пример, каде што, како што вели, е утврдена бруто-саатнина. Според него, моделот може да предвиди минимален праг на заработка и посебно да ги уреди одморите. За Македонија, вели Ѓорѓиевски, прво треба темелно да се анализира како би функционирал таков систем.
„Во западните земји, во Германија, е дефинирана бруто-часовнина. Повторно е дефиниран некој минимален праг под којшто вие не може да се спуштите, односно тој икс вработен ќе го зема како плата. Значи, тоа е дефинирано. Дефинирани се и одморите. Си постои рамка во која сè ќе биде дефинирано повторно. Потребен е тој модел темелно да се анализира.“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Аналитика








