ПОВЕЌЕ

    Дигитализација, подобри услуги и контрола на ризиците – приоритети на НЛБ Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемена депозитна база што досега до прагот од две милијарди евра и обем на кредитирање од 1,8 милијарди евра се главните карактеристики од деветмесечното работење на НЛБ Банка. Депозиттите ги следи годишен раст од 11,7 насто. Кредитното портфолио е поголемо за 18,7 насто.

    На крајот од третиот годинешен квартал во билансот на успех е запишана добивка пред оданочување од 47,3 милиони евра. И добивка по оданочување од 41,1 милион евра. Нето-заработката е за еден насто повисока на годишно ниво и покрај повисоките трошоци за финансирање, оперативните расходи и исправките на вредност поради кредитен ризик.

    Три поглавја од 2026 година се затворени. Какви се очекувањата на менаџментот за наредниотт период?

    НЛБ Банка заработи 41,1 милион евра – кредитите со раст од 18,7 насто

    Според последно расположливите проекции на релевантните домашни и меѓународни институции, се очекува домашната економија да продолжи да остварува позитивни стапки на раст. Проекциите за реалниот раст на БДП за 2026 година се движат во интервал од 3,2% до 3,6%, додека за 2027 година се движат од 3,0% до 3,8%. Истовремено, инфлацијата се очекува да остане релативно повисока, при различни очекувања на институциите за динамиката на нејзиното понатамошно движење, посочуваат од НЛБ Банка.

    Главен фактор на неизвесност за економската активност и ценовните движења се надворешните и геополитичките ризици:

    „Во вакво макроекономско окружување, Банката ќе продолжи со реализација на деловните и стратешките приоритети во согласност со Стратегијата 2030, со фокус на унапредување на кредитните, депозитните и платежните производи и услуги, дигитална трансформација, подобрување на клиентското искуство и оперативната ефикасност“.

    Истовремено, од НЛБ Банка нагласуваат дека понатаму, како и досега, особено внимателно ќе се управува со кредитниот ризик, ликвидноста, оптимизација на структурата и трошокот на финансирањето и капиталната позиција, земајќи ги предвид макроекономските и пазарните услови.

    Во областа на одржливото банкарство, Банката ќе продолжи со активности насочени кон интегрирање на ESG принципите во работењето и поддршка на проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и зелена транзиција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично