
Со трипати поголем број на апликанти во споредба со минатата година, започна второто издание на ПроКредит Бизнис Академијата – едукативна програма на ПроКредит Банка создадена за практична поддршка на локалните претприемачи и раст и развој на бизнисите од Македонија.
Од 15 до 17 септември, 120 учесници, организирани во три групи, го поминаа првиот модул од Академијата со наслов „Продажба: Од случајни приходи до систем за раст“. Преку практична работа и интерактивни сесии, учесниците работеа на создавање структуриран продажен процес, стекнување нови клиенти, комуникација на вредноста, формирање цени и подобро управување со продажбата.
Овогодишната генерација обединува претприемачи од различни области – услужни дејности, трговија, производство, градежништво, транспорт, земјоделство и други сектори, што создава дополнителен простор за размена на искуства, идеи и нови деловни поврзувања.
Вистински се издвојува интересот на клиентите на ПроКредит Банка, кои ја препознаваат банката како вистински партнер, со можноста за голем број обуки, бизнис настани, а како круна на сè и ПроКредит Бизнис Академијата која нуди практично знаење, можност за развој, раст и напредок за бизнисите.
„Рекордниот интерес во однос на минатата година за нас е најдобар показател дека на претприемачите им е потребна поддршка која оди подалеку од традиционалните банкарски услуги. Особено ни значи што Академијата ја препознаваат нашите клиенти како сигурен терен за надоградба на знаењата, кои ќе ги преточат во пракса која води до поуспешно работење. Нашата цел е да создаваме простор во кој претприемачите ќе добиваат практично знаење, ќе разменуваат искуства и ќе градат бизниси подготвени за следната фаза на раст“, истакнува Ана Николова, Директор на Одделот за бизнис во ПроКредит Банка.
Учесниците ќе продолжат со вториот модул посветен на финансиите и успешното раководење и препознавање на бројките, кој овозможува бизнисите успешно да ги препознаат сите можности и предизвици. Академијата завршува со третиот модул кој се фокусира на човечките ресурси и на препознавање на интерните претприемачи во тимот – луѓе со идеи, иницијатива и храброст да придвижат промени, кои можеби никогаш нема да започнат сопствен бизнис, но се исклучително вредни за развојот и успехот на компанијата.
Второто издание продолжува да ја гради ПроКредит Бизнис Академијата како платформа за долгорочна нефинансиска поддршка на локалната бизнис-заедница, а концептот оваа година се проширува и во Србија и Босна и Херцеговина како регионална иницијатива во рамки на ПроКредит Групацијата.
Аналитика








