Поголеми ценовни поместувања се случиле во текот на август кај дел од акциите на официјалниот пазар. На берзата се забележани двоцифрени и позитивни и негативни движења што ја одредуваат вредноста на акциите, кои се вижат од плус 88 до минус од над 18 проценти.
Најголемиот раст од 88 насто ја следи акцијата на Грозд Струмица. На последниот ден од јули имала просечна цена од 2.250 денари, а на последниот ден од август 4.230 денари.
Акцијата на Макошпед ја зголемила вредноста за 41,24 насто. Од 177 на 250 денари.
За еден месец, цената на акцијата на Титан УСЈЕ се зголемила за 4.800 денари или за 10,91 насто – од 44.000 на 48.800 денари.
На 31 јули чинела просечни 1.459,38 денари, а на 31 август 1.549,84 денари. Акцијата на Гранит бележи раст од 6,20 насто.
Месечниот раст од 3,99 насто ја зголемил вредноста на акцијата на Алкалоид од 22.926,15 денари на 23.841,48 денари. Еден месец претходно, акцијата се најде на негативната листа, иако во јули беше најтргувана на берзата.
Најголемиот пад на просечната вредност е регистриран кај акцијата на Хотели Метропол Охрид, од 18,25 отсто. Цената се намалила од јулските 263 на 215 денари.
Втора на оваа листа е акцијата на Транскоп-Патнички сообраќај Битола. Просечната цена опаднала од 1.800 на 1.500 денари, односно за 16,67 отсто.
За 200 денари или за 7,41 отсто е намалена просечната на Адинг. Јули го завршила на нивото од 2.700 денари, а август со 2.500 денари.
Втор месец како паѓа цената на акцијата на Макстил, овојпат за 5,17 отсто. Од 116 денари во јули на 110 денари во август.
И акцијата на ТТК Банка опаѓа втор месец по ред – од 1.157,46 денари на 1.121,54 денари. Вредноста е намалена за 3,10 отсто.
Аналитика








