Во четири трансакции, без берзанско тргување нови сопственици добиле 322 акции. Тоа е епилогот од минатонеделните нетрговски трансфери, кои опфаќаат обични акции издадени од четири друштва.
Акции на Европа АД Скопје, 120 на број, биле трансферирани во вторникот. Просечната цена за акција е 3.000 денари, а вкупната вредност 360 илјади денари
Наредноот ден, во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност е забележан пренос на 9 обични акции на Макпетрол АД Скопје. Со оглед на просечната цена од 106.500 денари по акција, овој подарок или наследство чини 958.500 денари. Се работи за една од најтргуваните акции – во изминатите 52 недели имало 977 берзански трансакции.
Најголемиот дел од акциите – 193, биле процесуирани во текот на последниот работен ден. Од нив, 75 се на Комерцијална банка АД Скопје. Акциите, за кои постои најголем инвеститорски интерес, имаат просечна единечна цена од 25.664,21 денар, а во последните 52 седмици се регистрирани 5.967 купопродажни трансакции и промет од речиси 1,56 милијарди денари.
Последниот забележан нетрговски трансфер содржи 118 обични акции на Неметали Огражден АД Струмица. Според берзанските податоци, со нив не е изведено ниту едно тргување во 52 недели, а просечната цена за акција е 1.900 денари.
Аналитика








