ПОВЕЌЕ

    Водење на банките низ глобалните промени – Фатих Шахбаз ќе говори на Годишната конференција во Охрид

    Време зa читање: < 1 минутa

    Како глобалните економски промени можат да се претворат во можност за раст и развој, а не само во нов предизвик за финансискиот сектор? И како банките треба да реагираат во услови на брзи промени на пазарите? Одговорите на овие прашања ќе ги понуди Фатих Шахбаз, главен извршен директор на Халк банка, на 25. Годишна конференција на Македонска берза.

    Шахбаз ќе одржи специјална презентација на тема „Водење на банките низ глобалните промени“, во која ќе ги сподели своите согледувања за управувањето со банките во услови на економски и геополитички промени, нови ризици и забрзана трансформација на финансискиот сектор.

    Со повеќе од две децении раководно искуство во банкарството, Шахбаз ќе зборува за начините на кои финансиските институции можат да ги препознаат новите можности и истовремено да одговорат на предизвиците што ги носи глобалното окружување.

    Годишната конференција на Македонска берза ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година, во Метропол Лејк Ресорт во Охрид.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично