ПОВЕЌЕ

    Дизелот не ја заокружи стотката – од полноќ ќе се точи за 99,5 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Бензините поевтинуваат за два денари по литар, а дизелот ќе биде поскап за еден денар. Од полноќ ќе важат новите цени на горивата кои, според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), се понески во просек за 1,24 отсто.

    Новата цена на литар еуросупер БС-95 ќе изнесува 91 денар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 93 денари. За еуродизелот возачите ќе плаќаат по 99,5 денари за литар.

    Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, па неговата цена ќе биде 98,5 денари за литар. Единствено мазутот ќе поевтини за 1,68 денари за килограм и ќе се продава по 46,419 денари.

    „Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%.

    Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%“, соопштија од РКЕ.

    И со оваа пресметка останува во сила намалената акциза – за два денари по литар кај бензините и за четири денари по литар кај дизелот.

    Новите цени ќе почнат да важат од 5 август во 00:01 часот. РКЕ потсетува дека станува збор за максимално дозволени малопродажни цени, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично