ПОВЕЌЕ

    Креативен предизвик од производителот на медицински канабис: Осмислете го јубилејното лого на НЈСК Холдинг

    Време зa читање: 2 минути

    Македонската компанија НЈСК Холдинг (NYSK Holdings), која годинава одбележува десет години од основањето, распиша конкурс за изработка на ново роденденско лого. Повикот е наменет за дизајнери, студенти и сите креативци кои сакаат да понудат свое графичко решение, а трите најдобри труда ќе бидат наградени.

    Логото треба да биде инспирирано од десетгодишниот јубилеј на компанијата, а предлозите може да се испраќаат на [email protected] најдоцна до 15 август 2026 година.

    НЈСК Холдинг е првата лиценцирана компанија во Македонија за одгледување канабис за медицински цели и првата што доби европска лиценца за производство на фармацевтски производи базирани на канабиноиди. Компанијата работи во рамките на PHCANN International и денес извезува производи на пазари како Германија, Полска, Велика Британија, Австралија и други европски земји.

    Компанијата е позната и по производот Cannabisol, кој е достапен во македонските аптеки, како и по ексклузивните договори за производство и дистрибуција на медицински производи на европските пазари. Во рамките на тие партнерства е и линијата TYSON 2.0, бренд поврзан со легендарниот боксер Мајк Тајсон, чија медицинска канабис-програма за европскиот и австралискиот пазар се произведува токму во Македонија.

    Со конкурсот за јубилејното лого, НЈСК Холдинг сака да ја вклучи домашната креативна заедница во одбележувањето на првата деценија од своето работење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично