Возачите од полноќ ќе плаќаат значително повисоки цени за горивата. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 4,55 насто, како последица на поскапувањето на нафтените деривати на светските пазари.
Најголемото зголемување е кај дизелот, за 4,5 денари и екстра лесното масло за домаќинствата, чија цена се зголемува за пет денари. Новите цени на бензините се повисоки за три денари. Килограм мазут ќе биде „потежок“ за 2,726 денари.
Веднаш по полноќ, на бензинските станици ќе важат новите максимални цени:
Според РКЕ, во однос на претходната пресметка, референтните цени на светските пазари се зголемиле за 6,229 проценти кај бензините, 7,442 проценти кај дизелот, 8,051 проценти кај екстра лесното масло и 8,159 проценти кај мазутот. Во исто време, курсот на денарот во однос на американскиот долар е понизок за 0,0397 проценти, што имало минимално влијание врз конечната пресметка.
РКЕ и овојпат потсетува дека утврдените цени се максимални малопродажни цени, а трговците можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени од пропишаниот максимум.
Аналитика








