ПОВЕЌЕ

    Макпетрол, Алкалоид, Жито Лукс и Стопанска банка во неделната статистика на нетрговските трансфери

    Време зa читање: < 1 минутa

    Нетрговските трансфери реализирани минатата недела се во знакот на четворката. Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се забележани четири трансакции со 499 акции издадени од четири друштва. Преносите се направени во четири работни денови.

    Првиот регистриран трансфер е изведен со една обична акција на Макпетрол АД Скопје. Има просечна вредност од 108.203 денари, произлезена од петочното берзанско тргување.

    Акции на Жито Лукс АД Скопје, 311 на број, сопственоста ја смениле во вторникот. Со акциите на друштвото последен пат се тргувало на Македонската берза на 20 мај, па просечната цена од 138 денари е преземена од таа трансакција.

    Нетрговскиот трансфер со 179 обични акции на Алкалоид АД Скопје е нотиран минатиот четврток. Фармацевтската акција има просек од 23.129,53 денари.

    Последната трансакција е реализирана со 8 приоритетни акции на Стопанска банка АД Скопје. На Македонска берза со нив се тргувало на 24 јули, а просечната цена за акција е 751 денар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично