ПОВЕЌЕ

    Струјата на HUPX стигна до 156,65 евра – МЕМО поевтина за речиси 15 евра

    Време зa читање: 2 минути

    Просечната берзанска цена на електричната енергија на унгарската берза HUPX за 17 јули достигна 156,65 евра за мегават-час, што е за 14,89 евра повеќе од просечната цена на македонската берза МЕМО, каде што мегават-часот се тргуваше по 141,76 евра.

    Податоците покажуваат значителна разлика и кај цените во дневните часови, кога производството од соларните електроцентрали е најголемо. Во периодот од 9 до 15 часот, односно во таканаречениот Power Solar Peak, цената на HUPX изнесувала 114,04 евра за мегават-час, додека на МЕМО била пониска и изнесувала 86,59 евра.

    Разликата меѓу двете берзи во овој временски период достигнала 27,45 евра за мегават-час.

    Индексот Storage MAX, кој ја прикажува разликата меѓу берзанските цени во периодот од 12 до 14 часот и цените во вечерните часови од 18 до 20 часот, изнесувал 93,64 евра за мегават-час. Овој показател е значаен за процена на економската исплатливост на системите за складирање електрична енергија, кои овозможуваат енергијата да се купи или складира кога е поевтина, а да се користи во периодите со повисоки цени.

    На високо ниво се задржуваат и цените на природниот гас. На унгарската берза CEEGEX, цената изнесувала 55,86 евра, додека според холандскиот референтен индекс TTF Dutch, природниот гас се тргувал по 56,82 евра.

    Следењето на движењето на берзанските цени на струјата и природниот гас е особено важно за компаниите со поголема потрошувачка на енергија. Навремените информации можат да им помогнат попрецизно да ги планираат буџетите, да ги оптимизираат трошоците и да носат подобро информирани деловни одлуки.

    Податоците за движењето на цените на електричната енергија и природниот гас ги подготвува експертскиот тим на ЕДС.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично