
ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу нас и СДС е во односот кон народот
Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е повеќе од јасна и се гледа во начинот на кој двете партии го одбележаа својот роденден, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ својот 36-ти роденден го прослави заедно со граѓаните. Како партија која учествуваше во создавањето на независна Македонија и која зад себе има бројни реализирани проекти во интерес на граѓаните, остануваме посветени на политиките што носат резултати и развој“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, за разлика од нив, СДС својот роденден го одбележал во затворен круг, без пошироко присуство на членството и граѓаните.
„Додека ние сме меѓу народот и секојдневно комуницираме со граѓаните, СДС се соочува со последиците од политиките што доведоа до губење на довербата. Наместо ставови за актуелните прашања и предизвици, јавноста гледа молк и избегнување на одговорност“, наведуваат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, суштинската разлика е во тоа што тие своето политичко дејствување го темелат на непосредна комуникација со граѓаните, додека СДС сѐ повеќе се оддалечува од нивните реални потреби и очекувања.
Аналитика








