ПОВЕЌЕ

    САД ТАЈНО ОДОБРИЛЕ ДОГОВОР за плаќање меѓу Катар и Иран за Ормускиот теснец, тврди иранска новинска агенција

    Време зa читање: 2 минути

    САД тајно одобриле финансиски и поморски договор меѓу Катар и Иран според кој на Техеран му биле исплатени милијарди долари во замена за слободен премин за катарските танкери и бродови низ Ормускиот теснец, објави Израел Хајом, повикувајќи се на тројца дипломатски претставници.

    Во извештајот се вели дека тајното одобрение од САД било дадено пред околу еден месец и е во согласност со интересот на Доха за отворање директен канал за комуникација со Техеран, кој почна да се заострува по прекинот на огнот.

    Катар се обидел да купи безбедносен мир, плашејќи се од обновен ирански напад врз неговите објекти откако една од неговите гасни инсталации беше нападната за време на војната, се вели во извештајот.

    Додека Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија беа погодени од ракетни и беспилотни летала по прекинот на огнот, Катар финансиски му помогна на Иран и остана заштитен, се додава во извештајот.

    Како дел од договорот, Иран побара пристап до дел од своите депозити што се чуваат во Катар, додека некои плаќања беа прикриени како такси за танкери што минуваат низ Ормуз, се вели во извештајот.

    Во извештајот се додава дека е отворена широка кредитна линија до милијарда долари за купување стоки преку Катар.

    (Фото: Доха, Катар, P. Hughes – Own work, CC BY 4.0)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично