Дозвола за издавање на втората емисија акции доби Еуролинк од Комисијата за хартии од вредност. Акционерскиот капитал ќе се зајакне за повеќе од 5,8 милиони евра.
„Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на Акционерското друштво за осигурување Еуролинк Скопје му се дава одобрение за издавање долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда – втора емисија на 5.850 обични акции со вкупна вредност на емисијата од 5.850.000 евра“.
Новата емисија на осигурителното друштво е наменета за единствениот акционер од Австрија, се посочува во информацијата на КХВ, објавена по денес одржаната 89. седница:
„Друштвото врши зголемување на основната главнина преку издавање обични акции наменети за институционалниот инвеститор – единствениот акционер на Друштвото – Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft од Австрија, а цел е подигнување на нивото на целокупниот капитал на Акционерското друштво за осигурување Еуролинк Скопје“.
Аналитика








