ПОВЕЌЕ

    СИЛЕН РАСТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ, брзата пруга приоритет, ја враќаме стратешката позиција на Македонија на Балканот, истакнува Николоски

    Време зa читање: 3 минути

    Во првите месеци во годината, железничкиот транспрот бележи силен раст од 23 %, истакна министерот за транспорт Александар Николоски, во гостување во дневникот на Сител. Притоа, Николоски информираше дека карго железничкиот превоз на Коридор 10 е приоритет на актуелната Влада која вложува силни напорти да го подигне карго сообраќајот и да ја врати стратешката позиција на Македонија во железничкиот транспорт.

    “Гледате дека инвестиравме многу и гледате дека тоа ни е главен приоритет во моментов. Бев информиран од директорот на ЈП Железница Транспорт дека во првите три месеци од оваа година растот во карго делот е 23 % во роба и 18% во финансии, тоа е одлична бројка. А исто така денес бев информиран и од директорот на МЖ Инфраструктура, Ивановски, дека најдоцна следниот викенд веќе ќе биде оперативна онаа линија која што оди од Драчево до Миладиновци, тоа е практично обиколница на Скопје, карго обиколница, со цел карго возовите веќе да не влегуваат во Скопје. Тоа е добро од три причини. Прво, за да се намали загаденоста во Скопје. Второ, ова е целосно електрифицирана линија и ќе возат само електрични локомотиви. Трето, сериозно се крати патот кога се патува кон Србија, Унгарија, Австрија и така натаму, така што од следниот викенд имаме уште една можност за посилен карго сообраќај. Ако на тоа се додаде дека заедно со ЕБОР се води постапка на купување на карго локомотиви, мислам дека е јасна приказната”, истакна Николоски.

    Според министерот Николоски, Македонија мора засилено да влезе во проектот брза пруга за да си го обезбеди своето геостратешко место, бидејќи тоа е пресекот на коридорите 10 и 8 затоа што тоа е најкраткиот пат во коридорот 10, но и затоа што Македонија поинаку би останала слепо црево.

    „Колку подобра поврзаност на Балканот толку подобро, нормално е дека двата главни града на Бугарија и на Грција сакаат да се поврзат, но рутата низ Македонија е најкратка, додека експресната пруга Атина-Софија би почнала најрано 2029 и тука мислам дека имаме голема компаративна предност“, рече Николоски, прашан за тоа дали железничкото поврзување на свете соседни држави ќе претставуваат конкуренција на плановите на Владата за инвестирање во железничкиот сообраќај.

    “Од есен започнуваме со брзата пруга и мислам дека имаме голема компаративна предност и тука е визијата на премиерот Мицкоски кој има многу голема улога во развојот на овие проекти. А дека ништо не е случајно покажува тоа што овој четврток на 18 јуни во Солун ќе имаме средба на највисоко ниво Македонија, Грција, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Таму ќе биде и Комесарот за транспорт и мобилност и уште еднаш ќе го реафирмираме инвестирањето во Коридорот 10”, истакна Александар Николоски во гостувањето на Сител..

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично