ПОВЕЌЕ

    Макстил и Гранит предводат во нетрговските трансфери на акции

    Време зa читање: 2 минути

    Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност минатата недела забележала 16 нетрговски трансфери. Без берзански трансакции сопственоста е променета кај 2.431 обична акција, издадени од 12 друштва.

    На трипати се заведени преноси на акции од Гранит: во вторник 189, а по 300 во четврток и во петок. Просечната цена за акција е 1.500 денари, произлезена од последното тргување со датум од 11 јуни.

    Најбројни се акциите на Макстил, трансферирани 643 во понеделник и 200 во петок. Имаат просечна цена од 122 денари за акција.

    Во два наврати е вршен пренос на акции од Алкалоид: 183 во вторник и 10 во петок. Фармацевтската акција, една од најтргуваните на Берзата, претходната работна седмица ја заврши со просечна цена од 24.513,04 денари.

    Четири трансфери се направени со по неколку стотици акции. Со знакот на Македонски Телеком се 307 обични акции. Имаат ценовен просек од 500 денари за акција.

    Раде Кончар – Апаратна техника е застапен со 133 обични акции. На 18 мај е регистрирано последното берзанско тргување, при што просечната цена е 2.435 денари.

    На Тутунски комбинат АД Прилеп се 121 обична акција, чијашто просечна цена е 290 денари. Во 52 недели имало четири берзански тргувања, а последното е од 10 јуни.

    Трансферирани се и 100 обични акции на Стопанска банка Скопје. Просечната цена за акција е 1.990,35 денари.

    Во неделната статистика се регистрирани и нетрговските трансфери со 70 акции на Комерцијална банка, 31 на Уготур, 29 на РЖ Интер-Трансшпед, 28 на РЖ Економика и 7 обични акции на Макпетрол.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично