ПОВЕЌЕ

    Анкара и Скопје ќе се поврзат со директен лет, се договара и карго железничка врска

    Време зa читање: 2 минути

    Конкретни резултати од разговорите меѓу владините претставници на Македонија и Турција – договорено е воспоставување директна авиолинија меѓу Анкара и Скопје, како и карго железничко поврзување што треба да ја олесни трговијата, транспортот и инвестициите меѓу двете земји.

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека договорот е постигнат на средбите со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, одржани во рамки на форумот во Истанбул.

    Турскиот министер за трговија Омер Болат објави дека двете земји се согласиле дополнително да ја зајакнат соработката во транспортот, логистиката, цивилното воздухопловство и железничкиот сообраќај.

    „Веруваме дека директните летови на AJet на релација Анкара–Скопје, како и железничката соработка меѓу ТЦДД и МЖ Инфраструктура ќе дадат значаен придонес за трговијата, инвестициите и поврзаноста меѓу нашите земји“, напиша Болат.

    Според него, новите транспортни врски треба да придонесат и кон остварување на заедничката цел за зголемување на билатералната трговска размена на две милијарди долари. Турската страна најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со активности за јакнење на транспортните коридори и поддршка на инвестициите на турските компании во Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично