ПОВЕЌЕ

    Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби, но во Министерство за земјоделие, интерпелацијата за Трипуновски е неоснована и неиздржана, а денес министерот истата ја поби со факти и аргументи

    Време зa читање: 3 минути

    На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која истакна дека интерпелацијата за министерот Трипуновски е неоснована и неиздржана, како и тоа дека Трипуновски, денес, ја поби истата со факти и аргументи. Стојаноска ја компарираше работата помеѓу двегодишното работење на министерот Трипуновски и неработењето на Николовски за два пати по две години, истакнувајќи дека актуелниот министер Трипуновски, за разлика од Николовски, меѓу другото расчисти со криминалците во Министерството изнесувајќи ги истите пред лицето на правдата. При тоа Стојаноска порача дека правдата, секого еден ден ќе стаса, ваква или онаква, но ќе го стаса.

    „Раст на извозот на земјоделски производи за 25% во 2025-та година во однос на 2024-та или трговскиот биланс меѓу извоз и увоз на земјоделски производи за 2025-та година ни бил во позитива 215 милиони евра. Откупот и продажбата во четвртото тримесечје од 2025 во однос на истото 2024, зголемени за 15%. Обезбедени 250 милиони денари за Македонски шуми и 100 милиони денари за Водостопанство. Се сеќавате за надоместок за неисплатените плати, погодете од кого и во кое време. Воведени построги критериуми во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026-та, претпоставувам дека ова е заради наменска, а не наместена поддршка”, рече Стојаноска и додаде:

    „Склучени се 57 договори за набавка на специјални комбајни за жнеење ориз. Започна нова дигитална ера во македонското шумарство. На јавниот повик за млад земјоделец пристигнале 254 апликации, а се одобриле 117, за споредба, во 2023-та поднесени биле 44 барања, а исплатени само 18. Шумските полицајци добија бенефициран стаж, односно за 12 ефективни месеци ќе им се пресметуваат 16″.

    Стојаноска се осврна на периодот на владеењето на СДС како и на криминалите кои беа разоткриени за време на министерувањето на Љупчо Николовски како оние со: злоупотреба на стокови, резерви и отпис на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата; заобиколувањето на Платежната агенција и формирање на некоја нова-тричлена, а поради делење грантови од по десетици илјади евра за т.н. мали семејни винарии, со што буџетот беше оштетен со над 800.000 евра незаконски доделувани субвенции, незаконски туркани договори за земјишта-со вредност од стотици илјади евра.

    „Во оваа низа на неодговорно работење на бившиот министер, да ја потсетиме јавноста, дека државата исплатила 2,2 милиони евра по основ на камати, а заради непреземање активности во рок од 5 години после склучениот договор со КФБ банката за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството. Што значи дека СДС имале втор Груби, но во Министерството за земјоделие”, заврши Стојаноска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично